Top Sport

Ројс: Не знам како се вика тој што ме следеше насекаде

Фудбалерите на Борусија Дортмунд во 16.коло го доживеаја првиот пораз во Бундеслигата. Екипата на Лусиен Фавр падна на гостувањето во Диселдорф, кај Фортуна (2:1).

„Милионерите“ и покрај овој пораз ќе останат на челната позиција со 39 бода во пресрет на дербито со другата Борусија, онаа од Менхенгладбах, со кое ќе заврши првиот дел од сезоната.

Поразот од Фортуна не им „легна“ најдобро на жолто-црните, што најдобро се отсликува по реакцијата на капитенот, Марко Ројс.

„Не знам како се вика играчот што ме чуваше, но знам дека насекаде ме следеше“, ја пренесува на Спортшау, неговата изјава на Твитер.

На оваа објава со коментар веднаш реагирале од Фортуна. Човекот кој насекаде го следел Ројс, Марцел Соботка, ги поздравува ривалите од Дортмунд.

Соботка успеа да го сведе на минимум влијанието на Ројс во играта на Дортмунд, што на крајот резултираше со пораз на лидерот.

Scroll to Top