Борусија Дортмунд постојано има мака да ги заддржи своите најголеми ѕвезди на „Вестфален“, иако мора да се признае добро заработува со зделките, но не мора да се грижи барем за еден фудбалер – Марко Ројз инсистира дека нема да замине, посебно не во Баерн Минхен.
Посебно болни за навивачите на „милионерите“ се заминувањето кај лутите ривали Баерн Минхен, а листата е навистина долга: Матс Хумелс, Марио Геце и Роберт Левандовски. Ројс вели дека нема теорија тој да го направи тоа.
„Мене нема да ме видите како играм за Баерн Минхен, тоа ви го ветувам. Исто така, веќе имам речиси 30 години и не верувам дека би ме сакале. Оваа година одиме на титулата, но мораме да играме секој меч како да е прв од сезоната“, вели Ројс за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Дортмунд имаат шест поени пред Баерн Минхен оваа сезона.
Ројс помина десет години во Борусија Дортмунд како младински фудбалер, пред да направи трансфер во другата Борусија, таа од Менхенгладбах, каде што играше од 2009 до 2012, пред да се врати во Рур.
„Мојот татко ми се јави и ми кажа: ’Дојде време да се вратиш тука’. Знаев дека е во право“, вели Ројс, кој сега е капитен на тимот.
Фото: ЕПА