Top Sport

Ројс во аут месец дена, го пропушта дуелот со ПСЖ

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс добил мускулна повреда која ќе го отстрани од терените најмалку четири недели, потврди бундеслигашот.

30-годишниот Ројс се повредил во финишот на 3:2 поразот од Вердер Бремен во осминафиналето на ДФБ купот во вторникот.

„Медицинскиот тим на ВБВ проценува дека ќе бидат потребни четири недели за капитенот да почне со тренинзи“, објави клубот.

Повредата е голем удар за Дортмунд, кои се трети во Бундеслигата и повторно ги „бркаат“ Баерн Минхен и РБ Лајпциг, а капитенот нема да игра ниту во дуелот со францускиот шампион Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите овој месец. Следниот меч на Борусија е тешко гостување кај петтопласираниот Баер Леверкузен.

Scroll to Top