Фудбалскиот клуб Рома го осуди однесувањето на „дел од навивачите“ што го „посрамиле“ клубот, пред првиот полу-финален натпревар во Ливерпул, против истоимената екипа.
Двајца навивачи на Рома се уапсени поради обид за убиство. Тие, непосредно пред поечтокот на натпреварот му нанеле тешки телесни повреди на 53-годишен маж кој се наоѓа во критична состојба.
„Клубот соработува со Ливерпул, УЕФА и англиските власти. Нашите мисли се со повредениот навивач на Ливерпул и неговото семејство“, стои во соопштението на римскиот клуб.
УЕФА во своето соопштение наведува дека се шокирани од инцидентот.
„На починителите на срамниот напад не им е местото во фудбалот и веруваме дека властите сериозно ќе го разгледаат целиот инцидент. УЕФА го чека целосниот извештај, а потоа ќе се изјасни дали ќе определи некакви дисциплински мерки“.
Инцидентот го осуди и фудбалскиот клуб Ливерпул.