Пуши, пие, вокабуларот му е вулгарен, потоа се извини, но тоа не му помогна да избегне драконска казна од својот клуб Рома.
Белгиецот Раџа Наинголан од пречекот на Новата година постави видео што најдобро го покажува неговиот темперамент и однесување, кое не е примерно за една фудбалска ѕвезда.
Кога му стана јасно што направил, го тргна видеото од својот профил на „Инстаграм“, но штетата веќе беше направена.
Белгиецот се извини, но неговиот клуб Рома реши да му изрече дисциплинска мерка.
Наинголан е казнет со 30 отсто помала месечна плата, што значи дека новогодишниот резил ќе го чини 100.000 евра.
Наинголан се изрезили за Нова година, па мораше да се извинува (Видео)