Интер се блиску до потписот на босанскохерцеговскиот напаѓач Един Џеко од Рома за неверојатно ниски 10 до 12 милиони евра, јавува италијанскиот „Скај спорт“.
Според овие извори, Интер оваа недела еќ се сретнат со претставниците од клубот од престолнината, откако „волчицата“ за половина ја намали цената на поранешниот напаѓач на Манчестер сити.
Џеко секогаш бил ценет од новиот тренер на „нераѕурите“, Антонио Конте, кој сакаше да го донесе 33-годишниот „босански дијамант“ и во Челси. Џеко наводно се согласил на тригодишен договор вреден 4 милиони евра по сезона. Во 2018/19, Џеко постигна 14 гола во 33 настапи за Рома, но само девет од нив во Серија А.