Top Sport

Рома го потврди трансферот на Нзонзи

Рома потврди дека францускиот репрезентативец Стивен Нзонзи е нивното ново засилување, откако платија околу 30 милиони евра на Севилја за 29-годишниот играч од средниот ред.

Нзонзи беше поврзуван со трансфер во Англија, каде што беа заинтересирани Арсенал и Манчестер јунајтед, а откако беше дел од француската репрезентација која го освои СП во Русија, неговат цена „скокна“.

По заминувањето на двете ѕвезди на „волчицата“, Раџа Наинголан (Интер) и Алисон (Ливерпул), тимот на Еузебио ди Франческо доби доста засилувања ова лето – Хавиер Пасторе, Јустин Клајверт, Робин Олсен, Иван Маркано и Анте Чориќ.

Scroll to Top