Рома го потврдија пристигнувањето на фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Ејнсли Мејтланд-Најлс на позајмица до крајот на сезоната, откако тој очајнички бараше трансфер во текот на летото бидејќи не беше во плановите на Микел Артета на „Емирати“.
„Пресреќен сум што сум тука и едвај чекам да почнам. Сакам да помогнам на тимот и да ги покажам своите квалитети“, изјави Англичанецот, кого Жозе Мурињо го избра како фудбалер кој може да ја засили средината на тимот.
24-годишниот Мејтланд-Најлс дебитираше за Арсенал во 2014/15, пред да ја има својата најдобра сезона во 2017/18, но по пристигнувањето на Микел Артета на клупата не доби вистинска шанса – оваа сезона имаше само 11 настапи, повеќето како замени.
Тој се приклучува на уште двајца Англичани во Рома – поранешниот дефанзивец на Манчестер сити, Крис Смолинг и екснапаѓачот на Челси, Теми Абрахам.
? Welcome to Roma, Ainsley! ?
#ASRoma | @MaitlandNiles pic.twitter.com/qDPZl2JyCJ— AS Roma English (@ASRomaEN) January 8, 2022