Ченгиз Ундер потпиша нов договор со Рома, со кој ќе остане во „волчицата“ до 2023 година, потврди клубот од Рим, откако вчера го потврдија и продолжувањето на договорот на младиот Николо Заниоло.
„Секој ден се заљубувам уште повеќе во овој град, во овој клуб и во овие фанови. Ова е среќен момент за мене“, изјави Ченгиз.
Ундер пристигна на „Олимпико“ од Башакшехир пред две години за 14 милиони евра, и оттогаш во 65 натпревари за „лупи“ постигна 14 гола и 15 асистенции. 22-годишниот Ундер исто така има и 19 настапи за турската репрезентација и шест постигнати голови.
Another new deal agreed… ??✍️@cengizunder has signed a contract extension with #ASRoma that runs until 2023! ⚡️?⚡️
— AS Roma English (@ASRomaEN) August 15, 2019