Сопственикот на Рома, Џејмс Палота веќе ги отворил разговорите со поранешниот прв скаут на Борусија Дортмунд и Арсенал, Свен Мизлинтат, кој би требало да ја пополни „дупката“ во тимот по заминувањето на Мончи, јавува „Тутомеркато“.
Германецот си замина од Арсенал по само една сезона, откако во Лондон пристигна со голема репутација како човекот кој го „изгради“ тимот на Борусија Дортмунд, кој освои две титули од Бундеслигата и стигна до финалињата на ЛШ во 2011 и 2013 година. 46-годишниот Мизлинтат не се снајде во Арсенал, кои уште бараат негова замена.
Според италијанските медиуми Палота неодамна се сретнал со Мизлинтат и преговорите се во тек. Рома е без технички директор по враќањето на Мончи во Севилја, а клубот се обидува да ја надмине кризата откако го отпушти Еузебио ди Франческо на позицијата тренер и го врати искусниот Клаудио Раниери.