Рома постигна пет гола во второто полувреме за да стигне до 5:0 победа над „фенерџијата“ Кротоне и да ја прекине лошата низа од четири меча без победа и да се врати на седмото место, кое води во европските натпреварувања.
Борха Мајорал ја почна серијата во 47. минута, пред Лоренцо Пелегрини во 70. минута да го удвои водството на „волчицата“, за само три минути подоцна по асистенција на Хенрик Мхитарјан да зголеми на 3:0. Мхитарјан се запиша во листата на стрелци во 78. минута за 4:0, за Мајорал во 90-тата минута да ги постави конечните 5:0.
Со победата, на три кола пред крајот, Рома е седма со 58 поени, два поени пред Сасуоло, додека Кротоне се веќе второлигаши.
Standings provided by SofaScore LiveScore