Top Sport

Рома и ПСЖ се договорија за Вајналдум?

Рома на Жозе Мурињо е пред уште едно големо засилување пред новата сезона, откако според експертот за трансфери, Фабрицио Романо се договориле со Пари Сен-Жермен за едногодишна позајмица на Жоржињо Вајналдум.

Поранешната ѕвезда на Ливерпул беше поврзуван со повеќе клубови оваа сезона, откако не успеа да импресионира на „Паркот на принцовите“, и сега Мурињо е подготвен да му даде шанса при летното засилување на „волчицата“, која веќе ги донесе Немања Матиќ и Пауло Дибала на „Олимпико“.

Вајналдум лани имаше 38 настапи за ПСЖ, но повеќето беа од клупата, откако претходно во Ливерпул имаше 237 настапи и 22 гола.

Scroll to Top