Top Sport

Рома со играч повеќе загуби од Аталанта (Видео)

Екипата на Рома го загуби дуелот со Аталанта 1:2 во рамките на 20.коло во Серија А. Рома не успеа да го избегне поразот на „Олимпико“ иако во второто полувреме играѓе со играч повеќе.

Играчите на Аталанта изненадувањето го најавија во 14.минута кога Данецот Корнелиус го совлада Алисон. Пет минути подоцна нов шок на Рома и приреди Де Рун кој со помош на Манолас го постигна вториот гол.

Стрелецот на вториот гол Де Рун поради вториот жолт картон во 45.минута мораше да го напушти теренот, но тоа не и помогна Рома да го избегне поразот.

Рома во вториот дел преку Џеко само успеа да го намали резултатот.

„Волчицата“ со четвртиот пораз во сезоната падна на четвртата позиција на табелата со 39 бода, 12 помалку од лидерот Наполи. Од друга страна Аталанта со 30 бода дојде на делба на петтата позиција на табелата.

Scroll to Top