Top Sport

Рома ќе го плати лекувањето на навивачот на Ливерпул

Фудбалскиот клуб Рома и сопственикот Џим Палота, донирале 150.000 евра на семејството на навивачот на Ливерпул, Шон Кокс. Кокс се здоби со тешки повреди во инцидентите што ги предизвикаа навивачите на Рома, на 24.април, пред стадионот „Енфилд“ во Ливерпул.

Двата тима, во Ливерпул, го играа првиот натпревар во полу-финалето, во Лигата на шампионите. Натпреварот заврши со победа на Ливерпул 5:2.

Кокс бил удрен во пределот на главата, поради што доживеал излив на крвта во мозокот. Неодамна тој го започнал процесот на рехабилитација.

Рома објави дека ќе донира 100.000 евра, а сопственикот Палота 50.000 евра.

„Наши претставници го посетија семејството на Шон, во Ирска. Разговараа со неговата сопруга Марина. Понудивме донација, се понудивме да помогнеме. Она што му се случи на Шон Кокс не треба на никого да му се случи. Од првиот ден нашите мисли се со него и неговото семејство“, се наведува во соопштението.

Навивачот на Рома, Филипо Ломбарди, минатиот месец е осуден на три годишна затворска казна поради насилничко однесување.

Scroll to Top