Според италијанскиот „Спортмедијасет“, Рома му понудиле на Серхио Рамос договор со заработувачка од 7.5 милиони евра по сезона, но поранешниот капитен на Реал Мадрид побарал дополнително време да размисли за предлогот.
35-годишниот Шпанец заминува од Реал по крајот на договорот на 1 јули, и беше поврзуван со повеќе клубови од Европа, вклучувајќи ги ПСЖ, Манчестер јунајтед и Манчестер сити, но Рома, под водство на неговиот поранешен тренер, Жозе Мурињо е првиот клуб кој му дал формална понуда.
Рамос во Мадрид заработувал 12 милиони евра по сезона, така што се работи за значително намалување на приходот, иако Рамос во Италија ќе има можност по нивните даночни закони да плати само 100.000 евра данок. Ова правило важи само за тие кои се доселуваат во Италија од странство на минимум две години.
Roma: #Mourinho tenta Sergio #Ramos, lui prende tempo. #SportMediaset https://t.co/4jEOpA7hhB
— SportMediaset.it (@sportmediaset) June 21, 2021