Един Џеко се наоѓа во немилост на тренерот Паоло Фонсека. Италијанските медиуми пишуваат дека е можно тој да го напушти клубот до крајот на преодниот рок.
Истите овие извори денес пласираат една сензационална информација. Според нив, Рома ќе им понуди размена на ПСЖ. Џеко би се преселил во Париз, а на наговото место би дошол Мауро Икарди.
Прашање е само дали Икарди би се согласил на ваква размена, без оглед на тоа што не е стандарден во тимот на ПСЖ.