Top Sport

Рома не сакаат да му го купат Матиќ на Мурињо

Иако се веруваше дека Немања Матиќ е сигурното прво засилување за Жозе Мурињо во летниот преоден рок, во Рома не се убедени дека инвестиција во 33-годишниот ветеран е исправна, јавува „Ла газета дело спорт“.

Матиќ потврди дека заминува од Манчестер јунајтед една година пред крајот на договорот, откако на „Олд Трафорд“ дојдеод Челси во 2017 за 44.7 милиони евра токму по барање на Мурињо.

Матиќ има одиграно најмногу мечеви во својата кариера токму под водство на Мурињо во Челси и во Јунајтед, вкупно 159 настапи. Во Рома се загрижени за физичката поготвеност на Србинот, кој одигра 32 меча оваа сезона и имаше 4 асистенции. Покрај тоа, дополнителен проблем е што тој бара годишна плата од најмалку 5 милиони евра.

Scroll to Top