Рома на Жозе Мурињо ја даде првата понуда за фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Гранит Џака, нудејќи 12 милиони евра плус 3 милиони евра бонуси за швајцарскиот репрезентативец.
Се верува дека Џака сака да работи под Жозе Мурињо, и дека сега се чека одлуката на Арсенал, кои претходно најавуваа дека не планираат да го продаваат својот поранешен капитен.
Џака е еден од најдобрите играчи на Швајцарија на ЕУРО 2020 ова лето, и по победата на пенали над Франција даде интересна изјава. Откако беше запрашан од „Скај спорт Италија“ дали може да го прашаат на италијански јазик, тој рече: „Уште не“.
„Научив англиски, зошто не и италијански. Да видиме што ќе се случи .Денеска сум фудбалер на Арсенал, ќе видиме по ЕУРО“, изјави Џака.