Top Sport

Рома падна во Удине (Видео)

Удинезе ја победи Рома 1:0, во првиот натпревар одигран во рамките на 13.коло, во Серија А. Удинезе ја забележа првата победа по речиси два месеци, додека за Рома ова беше четвртиот пораз во сезоната.

Рома не успеа да ја оправда фаворитската улога во Удине, поради што загуби значајни три бода. Единствениот гол на натпреварот го постигна најдобриот играч на Удинезе, Родриго Де Паул во 54.минута.

Рома во наредното коло ќе го пречека Интер, додека Удинезе ќе гостува кај Сасуоло.

Scroll to Top