Рома потврдија дека турскиот репрезенативец Ченгиз Ундер е нов фудбалер на Олимпик Марсеј, праќајќи го на позајмица со опција за купување. Ундер лани беше позајмен на Лестер сити во Премиер лигата.
„Рома потврдува дека Ченгиз Ундер ќе биде позајмен на Олимпик Марсеј до 30 јуни 2022. Марсеј ќе плати 500.000 евра за позајмицата и ќе има опција да го купи постојано за 8.4 милиони евра“, се вели во објавата на италијанскиот клуб.
Рома го донесе Ундер за 14.25 милиони евра во јуни 2017 година, но оттогаш тој има вкупно 88 меча за „волчицата“.
? Cengiz Under ceduto a titolo temporaneo all'Olympique Marsiglia
In bocca al lupo, Cengiz! #ASRoma pic.twitter.com/7eXCahkTUE
— AS Roma (@OfficialASRoma) July 4, 2021