Пауло Дибала откако ги „освои“ навивачите на Рома, очигледно оставил одличен впечаток и на управата на Рома, која е подготвена да му понуди нов договор на 29-годишниот напаѓач.
Дибала по седум години со Јувентус во текот на летото не доби понуда за нов договор и замина на „Олимпико“ како слободен играч, потпишувајќи тригодишен договор. И покрај тоа што имаше повреда која го отстрани од терените, тој има директно учество во 13 гола во 16 меча оваа сезона. Според „Калчомеркато“, Рома сакаат да ја активираат клаузулата во постоечкиот договор со кој тој би добил повисока плата и во исто време би се отстраниле клаузулите за заминување.
Дибала во моментов има плата од 4.2 милиони евра по сезона, која би била зголемена на 6 милиони евра, со што би се отстранила клаузулата со која може да си замине за понуда 12 милиони евра. Дибала е задоволен во Рим, но би сакал да знае какви се долгорочните планови на газдите, американското семејство Фридкин.