Top Sport

Рома се извинувам: Колум им признал дека немало пенал (Видео)

Рома и Борусија Менхенгладбах, синоќа одиграа 1:1 на „Олимпико“ во Рим. Борусија до голот за израмнување стигна преку непостоечки пенал во 93 минута.

Судијата Колум направи катастрофална грешка кога оцени дека Крис Смолинг играл со рака, иако на прва се гледа дека топката го погоди во главата.

Подарокот го искористи Стиндл кој на Борусија и донесе бод.

Логичо е дека во Рома биле разочарани од судењето, а арбитрите по мечот ја признале својата грешка.

„Разговаравме со судиите по натпреварот, признаа дека одлуката да досудат пенал била погрешна. Го почитуваме тоа им се заблагодаруваме на искреноста. Сега ќе се фокусираме на следниот натпревар“, соопштиле од италијанскиот тим.

Scroll to Top