Рома официјално ја потврди позајмицата на Мади Камара од Олимпијакос со опција за купување, откако тимот на Жозе Мурињо ќе биде подолго време без повредениот Џини Вајналдум.
25-годишниот фудбалер од средниот ред, кој е репрезентативец на Гвинеја, вчера беше присутен на „Олимпико“ за време на 3:0 победата на Рома над Монца. Рома ќе плати 1.5 милиони евра за Камара со опција да го откупи договорот за 11.5 милиони евра на крајот на сезоната.
„Пресреќен сум што добивам голема шанса да работам со Рома и со Жозе Мурињо. Сезоната ќе биде долга, во куповите и во лигата, но тука сум да помогнам на клубот во сите натпреварувања. Беше прекрасно да се почувствува атмосферата на ‘Олимпико’ и едвај чекам да играм пред нашите фанови“, вели Камара.
?️ ??? ??????? | Mady Camara ?
Welcome to the Giallorossi! ?
#ASRoma | @MCamarajr10 pic.twitter.com/iIfIqAjlpI— AS Roma English (@ASRomaEN) August 31, 2022