УЕФА ја казни Романија со еден натпревар без публика поради „расистички“ повици на мечот против Србија во Лигата на нации, односно поради вмешувањето политика откако извикуваа „Косово е Србија“.
Романија е казнета со 50.000 евра поради политичките извици и дополнителни 23.000 евра поради користењето на пиротехника. Романските навивачи покрај тоа што извикуваа „Косово е Србија“, ја навредувале Унгарија и во извиците ги поврзувале мигрантите со тероризам.
Важниот меч од Лигата на нации против Литванија на 17 ноември, Романците ќе мораат да го одработат без публика.
Романците во поддршка на Србите – цел стадион пееше: „Косово е Србија“ (видео)