Милан е во незапамтена криза, која уште повеќе се продлабочи по синоќешниот пораз на „Сан Сиро“ од Фиорентина со 1-3.
Италијанските медиуми веќе го сменија тренерот Марко Џампаоло, но играчите и понатаму му веруваат.
Капитенот на Милан, Алесио Ромањоли изрази поддршка за својот тренер.
„Во вакви ситуации нема многу што да се каже освен дека мора да сме заедно. Екипата никогаш не би требало да се откаже од тренерот. Со него сме до смрт“ – порача 24-годишниот стопер.
Ромањоли рече дека ја преземаат целата одговорност.
„Испадна многу лошо на последниот мечм не го очекувавме тоа. По настапот во Торино, мислевме дека ќе направиме чекор напред, но тоа не се случи. Се надеваме дека наредниот меч ќе е подобар. Време е да ги засукаме ракавите на тренинзите“ – потенцираше Ромањоли.
Милан следниот викенд гостува кај Џенова на нашиот репрезентативен капитен, Горан Пандев.
Пораз или реми би можело да значи крај за Џампаоло на клупата на „Росонерите“.