Стеауа Букурешт, или официјално ФЦСБ, како што се вика клубот откако го загуби правото да го користи своето име, загуби во Купот на Романија од Херманштад во четврт-финалето, во меч во кој најголемо внимание предизвика голманот на ФЦСБ, Кристијан Балградеан со неверојатна одбрана.
По еден удар, топката заврши во пречката, а Балградеан тргна по топката и се заплетка во сопствената мрежа. Тој сепак, остана на нозе и успеа да одбрани на спектакуларен начин. Сепак, на крајот ова не помогна бидејќи ФЦСБ загуби со 3:0.