Фудбалските репрезентативци на Романија во вторникот го одработија првиот тренинг во Германија пред почетокот на Европското првенство.
На Европското првенство Романија ќе ги одмери силите во групата Е со Украина, Словачка и Белгија.
Првиот натпревар ќе го одиграат на 17 јуни против Украина, а потоа ќе следи мечот со Белгија на 21 јуни и на крајот на 26 јуни против Словачка.
За своја баз во Германија, Романците го одбраа Вирцбург, каде што го имаа првиот тренинг.
И тоа пред 5.000 свои навивачи.