Синот на Дејвид Бекам, Ромео има талент да стане професионален тенисер, вели шампионката од Австралија опен, Каролине Вознијацки, по заедничкиот тренинг.
Додека неговиот татко беше англиски капитен и „мајстор“ со топката, неговиот син се реши за поинаков спорт, иако тоа го разочара Дејвид. Вознијацки не е првата која тренираше со Ромео Бекам, откако тој имаше сесии и со Григор Димитров и Енди Мареј.
15-годишниот Ромео покажа дека има талент на форхенд против Вознијацки, која сигурно малку се „воздржуваше“ против тинејџерот.