Саутемптон ќе имаат повеќе шанси за голови против Ливерпул во Премиер лигат во сабота отколку што имале во 0:3 поразот од Барнли во првото коло, само бидејќи европскиот шампион не игра со долги топки, смета фудбалерот од средниот ред на Саутемптон, Ориол Ромеу.
Саутемптон не успеа да се справи со воздушната супериорност на Барнли и прими три гола во 12 минути во второто полувреме. Сепак, Ромеу вели дека нема да биде толку тешко против Ливерпул.
„За нас е полесно да играме со тимови кои ризикуваат повеќе и играат одзади. Ќе имаме повеќе шанси да постигнеме гол против Ливерпул, бидејќи Барнли играа само со долги топки со кои немавме шанси. Се надевам дека ќе ги притиснеме добро“, вели Ромеу.
Саутемптон има четири порази во низа од Ливерпул, со гол-разлика 1:11.