Top Sport

Роналдињо го најави крајот на кариерата

Некогаш најдобриот фудбалр во светот, добитник на Златната топка во 2004 и 2005 година, во изборот на ФИФА, Бразилецот Роналдињо, најави крај на својата кариера.

„Таа можност е во опција, мислам дека наредната година ќе пресечам и официјално ќе кажам дека е готово“, рекол Роналдињо.

На прес конференција тој на новинарите им рекол дека има и некои нови цели во животот, а во фудбалот ќе биде присутен на еден поинаков начин. .

„Кога ќе се повлечам од фудбалот, тогаш ќе им се посветам на моите музички проекти, а веројатно ќе и се посветам и на мојата фудбалска школа. Тоа ќе биде нешто ново за мене, ќе мора брзо да се адаптирам“, дополнил Роналдињо.

Овој 37-годишен Бразилец изминатите две сезони е без клуб, а во кариерата играл за Флуминенсе, Гремие, ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро и Керетрао во Мексико.

Ѕвездените моменти во кариерата ги доживеа во Барселона со која стана европски првак и со бразилската репрезентација со која во 2002 година стана светски првак.

Во импресивната кариера, овој фудбалски волшебник, има освоено и две титули во Шпанија, една во Италија и по една во Копа Либертадорес и Копа Америка.

Scroll to Top