Top Sport

Роналдињо ќе игра затворски фудбал, но само под еден услов!

Бразилската фудбалска легенда Роналдињо ќе може да го троши своето време во парагвајскиот затвор со играње на футсал турнир со затворениците, но нема да смее да направи едно нешто – да постигне гол!

39-годишниот Роналдињо се најде во уште една незгода во неговиот живот, откако со неговиот брат заврши во затвор во Парагвај поради влегување во земјата со лажни документи. Според парагвајската „АБЦ ТВ“, како што пренесува „Фокс“, Роналдињо ја прифатил понудата да учествува на официјалниот затворски турнир, но бидејќи неговото присуство значи огромна предност за неговиот тим, тој ќе може само да асистира, а не и да дава голови.

Турнирот не се организира во чест на Роналдињо, туку е традиционален затворски турнир во Парагвај кој се оддржува секои шест месеци и на кој учествуваат 194 затвореници. Инаку, за прекршокот за кој е во затвор, е предвидена казна и до шест месеци, така што може да го „фати“ и следниот затворски турнир.

Scroll to Top