Легендата на светскиот фудбал Роналдињо ќе остане во притвор во Парагвај. Судот ја одбил понудената сума Роналдињо и неговиот брат Роберто Асис да се браната од слобода.
Роалдињо и неговиот брат беа уапсени во еден хотел во Асуснсион откако полицијата утврдила дека во Парагвај влегле со фалсификувани пасоши.
На двајцата им е одреден притвор, во кој можат да останат дури и шест месеци до почетокот на судењето.
Бразилските медиуми пишуваат дека адвокатот понудил 1,7 милиони евра гаранција за да биде пуштен Роналдињо да се брани од слобода, меѓутоа судот ја одбил понудената сума.
Роналдињо е главна атракција во затворот, изминатиот викенд тој учествуваше на турнир во мал фудбал. Неговиот тим го освои турнирот, а како награда добија печено прасе.