Top Sport

Роналдињо: Не можам да кажам дека Меси е ГОАТ

Поранешниот фудбалер на Барселона Роналдињо смета дека Лионел Меси не е најдобриот фудбалер во историјата.

Роналдињо и Меси играа заедно кога Аргентинецот ја започнуваше својата кариера во првиот тим на Барселона. Бразилецот смета дека низ историјата имало неколкумина добри фудбалери и дека Меси е најдобриот в својата ера.

„Драго ми е што Меси ја освои шестата Златна топка. Тој ми е голем пријател. Не сакам кога се прават споредби. Тешко е да се каже кој е најдобриот во историјата“, рекол Роналдињо и дополнил.

„Тука се Марадона, Пеле, Роналдо…Не можам да кажам дека Меси е најдобриот на сите времиња (ГОАТ), но без дилема тој е најдобриот во својата ера“.

Роналдињо во 2005 година ја освои престижната Златна топка.

Scroll to Top