Top Sport

Роналдињо потврди дека неговиот син потпишува за Барса: Тоа не е клуб, тоа е живот!

Роналдињо потврди дека неговиот 17-годишен син, Жоао Мендеш де Асис Мореира ќе го следи неговиот пат и ќе потпише договор со Барселона, иако од каталонскиот клуб тоа го немаат потврдено.

17-годишниот син на Роналдињо во 2018 година беше на тест во Крузеиро криејќи дека е син на славниот фудбалер, по што беше дел од младинскиот тим на клубот, пред да премине во Бело Хоризонте. Тој беше на проба во У-19 тимот на Барселона, по покана на претседателот на клубот, Жоан Лапорта.

„Да, тој ќе дојде сега. Јас никогаш не сум излезен од Барселона. Барселона е дел од животот и каде и да одам со мене е Барселона. Сега, по пристигнувањето на мојот син, Барса ќе биде уште поприсутна во мојот живот“, изјави Роналдињо за „Марка“.

Scroll to Top