Top Sport

Роналдињо се заблагодари на фановите и најави филм за неговиот живот

Фудбалската легенда Роналдињо се заблагодари на фановите и тие кои го поддржуваа додека беше во затвор и притвор во Парагвај и во исто време објави трејлер на нов документарен филм за неговиот живот.

Бразилецот го прослави својот 40. роденден во затвор во Парагвај, откако беше уапсен заедно со неговиот брат за влегување во земјата со фалсификуван пасош, но минатата недела, конечно, беше пуштен на слобода.

„Благодарам на Бога, заврши тежок дел од мојот живот. Немам зборову да се заблагодарам за љубовта и поддршката која ја добив во последните неколку месеци. Секогаш ќе бидете во моето срце. Сакам да споделам со вас трејлер на филмот за мојата животна приказна која е поврзана со вашата поддршка. Се надевам дека ќе уживате“, напиша Роналдињо на Инстаграм.

Филмот се вика „Најсреќниот човек на светот“ и во видеото има ретки снимки од неговото сиромашно детство, како и ѕвездените моменти со Барселона и со бразилската репрезентација.

Scroll to Top