Top Sport

Роналдињо влегува во политиката?

Откако одамна нема играно професионален фудбал, сите очеклуваа Роналдињо да се фокусира на својата музичка кариера, но сега бразилскиот весник „О глобо“ вели дека тој планира да се вклучи во политиката.

Според весникот, Роналдињо сака да добие сенаторско место во Бразил преку партијата Патриота како член од државата Минас Гераис. 37-годишниот поранешен освојувач на „Златната топка“ сега чека одговор од претседателскиот кандидат на партијата, Жаир Болсонаро, со кого се сретна оваа недела.

Доколку тој остане лидер на партијата, тој ќе биде одговорен за влегувањето на Роналдињо во политиката, по што го чека долга кампања до изборите во октомври 2018 година.

Роналдињо не би бил првиот бразилски фудбалер кој влегол во политиката – Ромарио беше избран за пратеник на Социјалистичката партија во 2010 година, по што стана сенатор од државата Рио де Жанеиро, освојувајќи најголем број на гласови во 2014 година.

 

 

Scroll to Top