Роналдињо, човекот кој на почетокот на својата кариера играше на „Паркот на принцовите“, вели дека тоа во моментов е најдобриот клуб на светот, бидејќи најдобрите играат таму, и смета дека Килијан Мбапе сигурно ќе одолее на поваиците од Реал Мадрид и ќе остане во клубот.
Мбапе веќе четири години е во ПСЖ, но има само уште шест месеци од договорот со францускиот клуб и нема најава дека има прогрес во преговорите.
„Сите фудбалери на светот сакаат да играат во Пари Сен-Жермен, бидејќи се најдобри на светот и ги имаат најдобрите фудбалери на светот. Затоа Килијан Мбапе ќе биде тука долго време. Денеска ПСЖ е репер за сите клубови, така што ќе биде фантастично за неговата кариера да остане бидејќи е млад и има остварено толку многу работи. Недостасува Лигата на шампионите и има ли подобра приказна од тоа да ја освои со Париз“, вели Роналдињо, кој играше за ПСЖ од 2001 до 2003.