Top Sport

Роналдињо за настапот во Кралската лига на Пике зема основна плата од 70 евра!

Легендата на Бразил и на Барселона, Роналдињо, оваа година се врати од фудбалската пензија за да игра во Кралската лига во организација на неговиот поранешен согирач Жерард Пике и неговиот бизнис-партнер Ибаи Љанос во необичниот формат на мини-фудбал со 7 играчи.

Популарниот „Р10“ игра за тимот на Порсинос ФЦ, и според „Бизнис инсајдер“ во договорот за настап, тој има само симболична плата од 70 евра. Сепак, ова не е целосната сума која Бразилецот ја зема – компанијата на Пике, „Космос“ му исплаќа бонуси од 10.000 до 15.000 евра за настап.

Покрај ова, Пике најави дека Роналдињо ќе има клучна улога во планот за прошируваање на Кралската лига, каде што тој заедно со Нејмар ќе биде претседател на бразилската верзија на лигата.

Scroll to Top