Откако петти пат во кариерата ја освои „Златната топка“, а потоа со Реал Мадрид ја одбрани титулата на Светското клупско првенство, Кристијано Роналдо најде време да испорача нови барања до претседателот на клубот, Флорентино Перез.
Како што пренесува весникот „Марка“, Португалецот не може да биде мирен сѐ додека Нејмар и Лионел Меси годишно во ПСЖ и Барселона имаат поголема плата од онаа што тој ја заработува во Реал.
Кристијано Роналдо, кој пред две недели кога ја доби „Златната топка“ самиот се прогласи за најдобриот фудбалер во историјата, смета дека како таков мора да биде број 1 и според годишната плата.
Доколку Перез не му ја зголеми платата, Португалецот не ја исклучува можноста да замине од Реал.