Поранешниот бразилски фудбалер За Роберто (46) во едно интервју раскаѓал некои неверојатни приказни за поранешните соиграчи Роналдо Назарио и Роналдињо.
Зе Роберто во кариерата играл за Баер Леверкузен и Баерн Минхен, а за бразилската репрезентација настапувал од 1996 до 2005 година, меѓутоа не беше во тимот кој во 2002 година на освои светската титула во Јапонија и Јужна Кореја.
„Роналдо беше ‘парти манијак’. Ќе излезеше навечер и ќе се вратеше наредното утро, без спиење доаѓаше на тренинг. Тоа навистина беше неверојатно, бидејќи ќе испиеше една или две чаши вода и потоа како ‘животно’ ќе го одработеше тренингот“, рекол Зе Роберто.
„Роналдињо имаше дискотека во својот дом. Често добивав покани за неговите забави, но често одбивав да одам“, изјавил За Роберто.