Top Sport

Роналдо дневно заработува по 120.000 евра од Инстаграм, двојно повеќе од Меси

Напаѓачот на Јувентус, Португалецот Кристијано Роналдо е лидер по заработка на Инстаграм во последните 12 месеци. Тој има двојно поголема добивки од ривалот, Аргентинецот Лионел Меси.

Англиски „Дејли мејл“ пишува дека Португалецот заработил 44 милиони евра од 34 објавувања на Инстаграм во последната година, додека Меси за истиот период има 36 рекламни публикации, за кои добил 22 милиони евра.

Математиката вели дека дневно Португалецот само од рекламите на социјалната мрежа инкасира по околу 120.000 евра.

Зад двајцата фудбалски асови е еден сега поранешен фудбалер, Англичанецот Дејвид Бекам. Тој за 12 месеци инкасирал околу 11,3 милиони евра.

Scroll to Top