Легендарниот поранешен менаџер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон се опоравува од операцијата на мозокот, и доби пораки на поддршка од своите поранешни фудбалери, Кристијано Роналдо, Дејвид Бекам и еден куп други.
Ѕвездата на Реал Мадрид, Роналдо, кој е благодарен на Фергусон за неговиот придонес во неговата кариера, прати порака до 76-годишниот Шкотланѓанец да биде „силен“. Ферги беше 27 години на чело на Јунајтед и еден од играчите кои го „пронајде“ беше токму Роналдо, кој дојде во 2003 година како замена за Дејвид Бекам.
„Моите мисли и молитви се со тебе, мој драг пријателу. Биди силен шефе“, напиша Роналдо на Твитер.
My thoughts and prayers are with you, my dear friend. Be strong, Boss! pic.twitter.com/kmih28Xpsq
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) May 5, 2018
Уште две поранешни ѕвезди од „Олд Трафорд“ се приклучија на поддршката за Фергусон – Вејн Руни и Дејвид Бекам.
Бекам, кој беше клучен човек во првиот трофеј од Лигата на шампионите на Фергусон заедно со „класата од 92“ (Гери Невил, Фил Невил, Пол Сколс, Ники Бат и Рајан Гигс), но замина по конфликтот со Ферги во 2003 година, потпишувајќи за Реал Мадрид.
„Продолжи да се бориш, шефе. Молитви и љубов кон вашата сопруга Кети и целото семејство“, напиша Бекам на Инстаграм.
Руни пак, дојде од Евертон во Јунајтед една година по заминувањето на Бекам и стана најдобар стрелец во историјата на клубот.
„Оздрави бргу, шефе. Моите мисли се со целото семејство во овој тежок момент“, напиша Руни.
Get well soon Boss. Thoughts with all the family at this sad time. #AlexFerguson
— Wayne Rooney (@WayneRooney) May 5, 2018