Top Sport

Роналдо доаѓа во Скопје

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо, годинава ќе го посети Скопје. Ова на свјот профил на „Фејсбук“ го најави сопственикот на Универзитетот ФОБ, Сефер Цаноски.

„Конечно по девет години прифати да биде гостин на ФОН Универзитетот. Наскоро најдобрите на едно место“, напишал Цановски под фотографијата на која се тој и Роналдо.

Доколку најавата се оствари, славниот Португалец, сега играч на Јувентус, трет пат ќе биде во Македонија. Првиот пат беше во далечната 2003 година, кога ја започнуваше својата професионална кариера, со малдата репрезентација на Португалија, а вториот пат во август 2017 година, кога како играч на Реал мастапи против Манчестер Јунајтед во Суперкупот на УЕФА.

Scroll to Top