Top Sport

Роналдо донесе нова победа за Реал

Карим Бензема и Кристијано Роналдо ги постигнаа своите први голови во Ла лига оваа сезона, за да му донесат на тренерот Зинедин Зидан 2:1 победа на гостувањето кај Хетафе во 100. меч на клупата на Реал Мадрид.

Мадрид поведе пет минути пред крајот на првото полувреме по одличен соло-обид на францускиот напаѓач Бензема, меѓутоа по 11 минути во второто полувреме во спорен момент Хетафе израмни на 1:1. По додавањето на Фајр, Молина од офсајд позиција го најде голот на фаворитите.

Роналдо бргу имаше шанса да израмни, но утна празен гол, пред на четири минути пред крајот Португалецот, кој беше суспендиран четири меча на стартот на сезоната, да го постигне првиот гол оваа сезона по одличното додавање на Иско.

Scroll to Top