Аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија во разговор со новинарите открил дека во минатиот летен преоден рок бил блиску до трансфер во Барселона. Ди Марија за поврзуваше со Барселона откако Нејмар се пресели од „Ноу Камп“ во ПСЖ.
„Бев многу блиску до Барселона, но на крајот трансферот не успеа“, рекол Ди Марија и потоа го дал своето мислење за вечна полемика кој е подбар фудбалер Кристијано Роналдо или Меси.
„Меси е најдобриот, тоа е така секоја година. Роналдо исто така е посебен фудбалер, но Меси, тој е друга планета. Не постојат зборови со кои можам да го опишам Меси“, рекол Ди Марија.