По два релативно досадни мечеви на вториот ден на Мундијалот во Русија, ако се суди по првото полувреме од дуелот Португалија-Шпанија, не чека и убав фудбал.
Португалија на „грбот“ на Кристијано Роналдо води со 2:1, откако легендата на португалскиот фудбал постигна два гола, еден од пенал и еден по катастрофалната грешка на Давид де Хеа, за европските шампиони да имаат убава предност по полувреме со напаѓачки фудбал.
Роналдо прво во четвртата минута постигна гол по заслужениот пенал, пред Диего Коста во 28. минута да израмни за „фуријата“ со прекрасна „измама“ на португалската одбрана. Сепак, првото полувреме целосно е во знакот на Роналдо, кој во 44. минута упати незгоден удар од работ на шестнаесетникот за обично сигурниот Давид де Хеа да киксира и да подари водство на Португалците.
Се надеваме на исто толку интересно второ полувреме.