Top Sport

Роналдо ги приклучи и Јуниор и Георгина на напорниот тренинг-режим (видео)

Околу тоа колку Кристијано Роналдо работи на својата физичка подготвеност многупати се пишувало, со многу негови соиграчи кои биле зачудени од тренинг-режим, а сега Португалецот по сѐ изгледа ги натера и членовите на неговото семејство да му се приклучат.

Ѕвездата на Јувентус на Инстаграм постави видео во кое неговиот син Кристијано Јуниор трча на лента за трчање, додека неговата девојка Георгина Родригез работи на стомачните мускули. По романтичните фотографии од патувањето во Дубаи, очигледно семејството Роналдо се врати на работа.

Првиот меч на Јуве по зимската пауза е саботниот дуел од Копа Италија против Болоња.

 

View this post on Instagram

 

Turim ??

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Scroll to Top