Top Sport

Роналдо ги зголемува приходите на Јувентус

Јувентус направија вистински потег кога минатото лето издвоија преку 100 милиони евра за трансферот на Кристијано Роналдо. Португалецот е магнет за навивачите и спонзорите, што најдобро го покажуваат финансиските резултати.

Продажбата на дресовите и останатите продукти што се нудат во продавниците на Јувентус, во изминатите шест месеци, пораснала за 81 отсто. Клубот заработил 26,51 милиони евра, а во истиот период пред доаѓањето на Роналдо заработката изнесувала 14,65 милиони евра.

Со растот на приходите, се зголемиле и расходите на клубот, на сума од 12,18 милиони евра, бидејќи Јувентус потрошиле 5,5 милиони евра повеќе во однос на периодот пред Роналдо, за набавка на се она што се продава во клупските продавници.

Јувентус добиле 15 милиони евра од спонзорот „Адидас“, а приходите од останатите спонзорски договори и рекламите достигнале сума од 61,4 милиони евра, што е за околу 18 милиони евра повеќе од истиот период минатата година.

Scroll to Top