Top Sport

Роналдо го купи клубот во кој ја започна кариерата

Легендарниот Бразилец, Роналдо, стана сопственик на Крузеиро. Во овој клуб Роналдо ја започна својата кариера. Роналдо од 2018 година е газда и на шпанскиот клуб Ваљадолид.

„Многу работа е пред нас, сакаме да го вратиме Крузеиро таму каде што припаѓа“, изјавил Роналдо.

Феномено, како тинејџер две сезони играше во Крузеиро (1992-1994), одигра 47 натпревари на кои постигна 44 гола.

Крузеиро има четири шампионски титули во Серија А. Последните две титули ги освои во 2013 и 2014 година. Во 1976 и 1997 година Крузеиро го освои Копа Либертадорес. Славниот клуб се натпреварува во Втората бразилска лига. Минатата сезона ја завршија на 14.место.

Роналдо во Крузеиро планира да вложи 400.000.000 евра.

Scroll to Top