Еден од најдобрите напаѓачи во историјата, Бразилецот Роналдо, сериозно размислува да се врати во фудбалот, но во друга улога. Весникот „Марка“, пишува, дека Роналдо ќе биде новиот сопственик на Ваљадолид.
Според истиот извор, доколку Бразилецот успешно ги заврши преговорите, тогаш тој во Ваљадолид би бил сопственик и претседател.
Се шпекулира дека Роналдо на сегашниот сопственик на Ваљадолид, Карлос Суарез, ќе треба да му плати 30 милиони евра.